Новопечената мама се појави во јавноста и ги воодушеви обожавателите – Пријовиќ прв пат во јавноста по бременоста
Познатата пејачка се забавува со семејството
Александра Пријовиќ прв пат откако стана мама се појави во јавноста. Во прашање е роденденот на Виктор Живојиновиќ кој неговата снаа не сакаше а го пропушти
Фотографиите од прославата ги објави Лепа Брена, а на нив новопечената мама е насмеана и ужива со семејството.
https://www.instagram.com/p/BvsSltUFoZJ/?utm_source=ig_embed
Инаку, за физичкиот изглед на Пријовиќ се зборува многу во последно време. И бидејќи откако се породи се појавија разноразни текстови во медиумите поврзани со нејзиниот сегашен изглед, па дури и гласини дека наскоро планира да оди на липосукција, Александра реши да се огласи преку социјалните мрежи и да стави крај на гласините што кружат во весниците.
Имено, таа пред само неколку дена ги напиша сите детали поврзани со нејзината сегашен изглед и трансформацијата низ која што минува откако се породи, а се осврна и на промената од почетокот на нејзината кариера и сега.
Таа објави и фотографија со која покажа како изгледала кога имала само 14 години и колку се променила до сега.