Новогодишната магија пристигна и во топлиот дом на Евгенија и Вело МАРКОВСКИ – тато ја извади елката, мама ја украси!
Поранешната манекенка Евгенија Марковска поприлично се потрудила во украсување на својата новогодишна елка.
Евгенија и нејзиниот сопруг проф. д-р Вело Марковски ќе направат сé за нивниот дом да изгледа како вистинска бајка.
И тоа секако дека не го прават само за нив, туку и за најмилите – нивните две деца, кои најмногу ќе уживаат во празниците што се пред нас.
Шармантната Евгенија, поранешната манекенка и сопруга на истакнатиот македонски епидемиолог, на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм реши да покаже како изгледа новогодишната атмосфера во нивниот дом.
Таа е една од првите познати дами кај кои дојде празничната магија, а сé заради децата кои се нестрпливи и уште сега ја очекуваат волшебната вечер кога ќе пристигне Дедо Мраз и ќе им ги донесе подароците.
Од снимките што ги објави можеме да заклучиме дека ужива во декорирањето на својот дом – и тоа во најдобро друштво!
Покај сопругот, во уредувањето и помагаат и дечињата, а елката и бројните украси Новата година ќе им ја направат уште помагична.
Како што самата Евгенија во една пригода изјави за Гламур, таа се труди на своите деца да им го направи својот ден забавен.
„Не очекувам да имам совршено уреден дом. Сметам дека децата треба да се креативни и затоа дозволувам да се растураат играчки на секаде, а потоа пред спиење собираме заедно за следниот ден да може одново да си играме. Децата брзо растат затоа сакам да им го направам секој ден забавен. Кај мене нема правила, изјави Евгенија за Гламур магазин.
Повеќе фотографии од оваа грижлива и убава мама, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска