Нови 72 случаи на коронавирусов во земјава.
За 24 часа регистрирани се 72 нови позитивни случаи во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.
Според местото на живеење, досега случаи се регистрирани во: Скопје – 235, Куманово -114, Дебар – 49, Штип-19, Прилеп –33, Тетово – 29, Струга – 24, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 2, Радовиш -3, Крушево – 2 и Кочани – 14.