Нови жешки фотографии на згодната Гранд ѕвезда од Македонија – облече бикини и направи лом
Нашата финалистка уште еднаш потврди зошто важеше за една од најатрактивните дами во шоуто

Нови фотографии на нашата Гранд ѕвезда
Пејачката Андријана Петрушовска два пати се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ и два пати стигна до самото финале.
И не само што беше финалистка, таа во последната сезона го освои и високото второ место во популарното шоу, додека победничка беше Шејла Зониќ, а Мики Секуловски на второ место.
Ова е одличен резултат за Петрушовска која во ова шоу важеше и за една од најубавите и најзгодните натпреварувачки.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Впрочем таа оваа титула ја доби уште откако се појави на сцената, а дека си ја носи заслужено пејачката покажа и сега.
Имено, оваа наша шармантна дама деновиве објави сет фотографии направени на плажа и со својот изглед никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа истовремено ги воодушеви и претставничките на понежниот пол со моделите на костими за капење што ги носеше, но и со „пропратните“ елементи со кои позираше, а како сето тоа изгледаше, погледнете од фотографиите во продолжение…
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Петрушовска најпрво позираше во шарен костим за капење преку кој носеше наметка за плажа, а потоа и во бикини во впечатлива жолта боја со која дополнително го истакна својот тен.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Но таа воодушеви и со белиот фустан за плажа што го носеше, па следуваа бројни лајкови и коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, Андријана неодамна го одржа својот прв голем концерт во Скопје кога направи вистински спектакл.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Специјални гости на концертот и беа колегите од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски и Мики Секуловски, кои заедно со неа направија забава за која уште долго време ќе се зборува.
Како изгледаше Андријана и во ова свое издание, погледнете на крајот од фотографиите што следуваат…