Нови главоболки за Путин: Руските лекари се огорчени, расте незадоволството од управувањето со коронакризата
Русија денеска пријави 10.633 нови случаи на заразени од коронавирус, што е четврти рекорден еднодневен пораст во низата на бројот на заразени. Тоа му задава големи главоболки на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Си Ен Ен.
Вкупниот број на случаи во таа земја сега е 134.687, седми по брoјот на случаи во светот, во драматичен пресврт на ситуацијата од март.
Закана по живот
До сега во земјата се забележани вкипно 1.280 жртви од коронавиурс, се наведува во изјавата на главниот штаб за коронавирусот во Русија, додавајќи дека близу 50 проценти од случаите се асимптоматски.
Во Москва, најтешко погодениот град во земјата, се повеќе од половина од случаите. Минатата седмица, Русија го продолжи периодот на изолација до 11. мај.
– Секојдневното зголемување на случаите релативно се стабилизира, но тоа не смее да не смири туку ситуацијата и натаму е многу сериозна. Врвот не е зад нас, наскоро ќе се соочиме со нова и мачна фаза од пандемијата. Се уште останува смртоносната закана од вирусот, рече Путин.
Си Ен Ен нагласува дека гневот се зголемува меѓу здравствените работници откако се поголем број болници мораше да се затворат поради карантинот, а многу лекари се разболеа.
Руските независни медиуми и невладини организации пишуваат за анонимни дојави на огорчени медицински работници на кои им е наредено да одат на „фронт“ без соодвента заштитна опрема и дека бирократското однесување кон кризата е платено со многу животи.
Позитивен пример
И рускиот премиер Михаил Мишустрин рече дека е тестиран позитивен на коронавирус. Руското министерство за одбрана објави дека епидемијата се појавила и меѓу персоналот.
Уште во март Путин зрачеше со доверба во реакцијата на својата влада на растечката глобална криза, уверувајќи ги граѓаните дека ситуацијата е „под контрола“ благодарение на раните мерки на интервенција.
Дури на 1. април рускиот претседател играше улога на меѓународен спасител, праќајќи авион со медицинска опрема во Њујорк, како помош за САД.
Меѓутоа до 13. март расположението се смени.
– Имаме многу проблеми. Немаме со што да се пофалиме и не смееме да го испуштиме вниманието, зошто не сме го поминале врвот на кризата, рече Путин.