Пејачката е позната по своите провокативни настапи
Познатата пејачка Јелена Карлеуша знае како да го привлече вниманието со својот екстравагантен стил. За секој нејзин настап долго време се зборува, а нејзините костуми се најекстравагантните што публиката може да ги види, и тоа не важи само за кај нас на Балканот, туку и за целиот свет.
Така беше и овој пат, само што ланците ги замени со бисери, и наместо трико облече минијатурни гаќи и градник опточен со нешто што наликува на бисери и украсни каменчиња. Таа и на главата имаше капа од истиот дизајн, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Карлеуша кога се појави во ова издание на сцената изгледаше како да е некој од ангелите на Викторијас Сикрет на модните писти, а не пејачка.
Што мислите, дали ова изгледа вулгарно или кул?