Реклама
Вирално

Новинар и се јавувал на мајката на исчезнатата Вања и се претставувал лажно – имате ли памет, колеги?!

Како што објави Фокус, на мајката на исчезнатото девојче и се јавил новинар и се претставил како инспектор со цел да извлече повеќе информации за настанот

Реклама

Доколку имате било каква информација за ова лице пријавете во најблиската полициска станица или на дежурнито телефон 192. Нејзиното име е Вања Ѓорчевска и исчезната е на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје.

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.

Полицијата се уште трага по малолетното девојче

Денес е трет ден од исчезнувањето на Вања Ѓорчевска која исчезна на 27 ноември во Скопје кога тргна на училиште.

Малолетното девојче никогаш не стигна на училиште, а нејзиниот мобилен телефон последен пат е лоциран на булеварот Партизанска, според Универзална сала, во близина на кафулето Броз.

Маркетинг

Вработените во кафулето велат дека не ја виделе Вања, но и дека полицијата ги земала снимките од нивните камери.

Како што соопштија од МВР, полицијата интензивно работи на пронаоѓање на девојчето.

Маркетинг

Фото: МВР

Проверени се сите блиски и подалечни контакти, како и сите електронски уреди за да се дојде до некоја информација која би можела да помогне во пронаоѓањето на малолетното девојчето.

Во потрагата се вклучени и граѓаните, па дури и членови на Ловечката федерација, објавија нашите медиуми.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Како што објавија медиумите, во потрагата по Вања се вклучиле и нејзините другарчиња кои лепеле плакати со нејзини фотографии на кои стои опис и телефонски број за да се пријави ако некој ја види.

Мајката на Вања, Зорица, во изјава за „Фокус“ вели дека се труди да остане силна и да биде во корист, но и дека мора да се држи и заради другото дете што го има. Имено Вања има помала сестричка, со која оделе заедно на училиште, но тој ден сестраta останала дома.

Фото: Принтскрин/ МВР

Но како што открива мајката, во јавноста се пласирале многу невистини кои не само што не се од корист, туку и пречат во истрагата. Таа исто така се пожали и дела еден новинар и се јавил и се претставил како инспектор, со цел да дознае повеќе информации за целиот настан, објави денес порталот „Фокус“.

Мајката истиот веднаш го пријавила во полиција и апелира сите што имаат било каква информација, да се јават во полиција.

Фото: Принтскрин/ МВР

Таа исто така додава дека Вања е едно примерно дете, секогаш отворена, сакана и прифатена од школските другарчиња.

Вања исчезна на 27 ноември, откако излегла од нивниот дом околу 7.20 часот и веќе во 7.34 часот нејзиниот телефон бил исклучен.

Последниот сигнал од мобилниот е лоциран во близина на кафулето „Броз“, на „Партизанска“, спроти „Универзална сала“.

Фото: Принтскрин/ МВР

Според официјалните податоци од МВР, во последните три години, од 2020 до почетокот на овој месец, биле исчезнати 74 малолетни лица.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Од нив 65 биле пронајдени, додека девет деца се уште се водат како исчезнати, пишува порталот А1он.

Од друга страна, според податоците на Националниот центар за исчезнати и искористување на децата (NCMEC), децата на школска возраст се во најголем ризик од обид за киднапирање токму кога одат на училиште, а не преку викендот, кога го имаат време за своите слободни активности.

Според Центарот, обидите за киднапирање на деца од школска возраст најчесто се случуваат пред училиште (од 7 до 9 часот), непосредно по училиште (0д 15 до 16 часот) и во предвечерните часови (од 18 до 19 часот).

„Тоа често се случува додека детето оди кон станицата за школскиот автобус, го чека автобусот или пешачи кон својот дом по училиштето. Секогаш им укажуваме на родителите да не го оставаат детето само додека чека на автобуската станица. Барем нека обезбедат да биде со друго дете“, изјави за „Фокс њуз“ Калахан Волш од NCMEC.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button