Новинарката Јоци со порака до Тамара: „Или ќе бидеш домаќинка по влечки, која готви компир манџа во летна кујна, или славна пејачка…“

И покрај тоа што се извини, а потоа реши и да ги откаже своите концерти во Охрид и Прилеп, Тамара Тодевска не успеа да го смири револтот на народот по нејзиниот ненамерен гаф со македонската химна во американската амбасада.

И додека нејзините верни обожаватели ја бодрат да биде силна во овие тешки моменти, други ја напаѓаат и со остри коментари ја критикуваат на социјалните мрежи. Меѓу нив е и новинарката Јорданка Јовановска Јоци која напиша коментар со кој предизвика бура од реакции.

ADVERTISEMENT

Еве што и порача таа на Тамара:

„Тамара Тодевска не може да сфати зошто народов и` се нае*а мајка. И` било вознемирено семејството, откажала два концерта.

Тодевска, време ти е да почнеш да следиш политика. Да почнеш да читаш редовно весници, портали. Да работиш на себе и својот јавен имиџ. Не ти е првпат.

Пошто, истиот тој народ ти доаѓа и на концерти, ебаго. Не ти доаѓаат Швеѓани и Данци.

Си чула ли за последниот шит , дека Бугарија бара Гоце да биде нивен? Секако, не. Одлучи се, или ќе бидеш домаќинка по влечки, која готви компир манџа во летна кујна, или славна пејачка која чита и се едуцира секој ден со политика и не греши химна.

Многу е просто. Ене ти ја за пример Мадона. Жената не знае да пее, али знае за спорот Израел – Палестина.

Еб*те тоа !“

Инаку, Тамара најпрво се извини преку социјалните мрежи поради ненамерната грешка што ја направи, а потоа објави и соопштение во кое вели дека ги откажува своите два концерти во Прилеп и Охрид и дека поради целата ситуација, таа и нејзиното семејство деновиве поминуваат низ агонија. „Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови.“

„Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор“ напиша Тамара.

Facebook Comments
(Visited 7.369 times, 13 visits today)