Реклама
Наши ѕвезди

Нова љубов меѓу финалистите во Ѕвездите на Гранд? Велешанецот Мики ги изненади сите со одговорот

Еве што вели Мили Секуловски за новата љубов што се роди во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“

Реклама

Се уште се зборува за големото финалето на „Ѕвездите на Гранд“ во кое победи Шејла Зониќ, а Мики Секуловски го освои второто место.

Но овие денови покрај феноменалните настапи на финалистите јавноста ја интересира и сето она што се случувало зад кулисите. А токму таква една информација пренесува „Гранд.онлајн“ кои потсетуваат дека во популарното шоу често се случува меѓу кандидатите да се роди љубов, но ретко се случува овие емотивни врски да потраат долго.

Но секако дека постојат исклучоци, а како една од најголемите љубови што некогаш се родилa во популарното шоу ќе ја споменеме онаа на Македонката Елена Миленковска и Александар Маринковиќ Гуте кои се натпреваруваа во сезона 2018/2019 и по некое време од нaтпреварот застанаа на лудиот камен и денес имаат две дечиња.

Маркетинг

Принтскрин/ Инстаграм

Покрај оваа голема љубов, ќе ја споменеме и врската помеѓу Македонецот Дарко Ѓорѓески и Миа Смиљаниќ. И тие се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“, а по шоуто продолжија да настапуваат заедно и да снимаат дуети, па сега се почесто се шират гласини дека покрај тоа што се колеги, помеѓу нив постои и љубов.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб

Тие и двајцата беа во тимот на Цеца и не кријат дека таа ги „споила“, односно дека по натпреварот продолжиле да работат заедно.

„Ние двајцата бевме минатата сезона во „Ѕвездите на Гранд’ и таму се запознавме. Цеца беше првата која не спојуваше како пар. Таа е прекрасна, професионална и жена која е буквално змеј“, изјави во една пригода Миа.

Нова љубов и меѓу финалистите?

Како што објави „Гранд.онлајн“, и оваа сезона не била ништо поразлична од останатите кога станува збор за односот меѓу натпреварувачите.

Принтскрин/ Гранд.онлајн

Па така покрај новите пријателства, наводно се родија и нови љубови, па дури и меѓу самите финалисти.

Принтскрин/ Гранд.онлајн

Овие информации пред камерите на „Гранд“ ги потврди финалистката Бета Судар, која изјави:

„Јас знам дека има симпатии и знам кои се, но нема да ви ги кажам, изјави со насмевка пред камерите Бета, па додаде дека само прашање на време е кога тие ќе го откријат тоа. Новинарите иако беа упорни да дознаат кои се вљубените гулаби, финалистите останаа мистериозни, но со ветување дека наскоро ќе откријат.

Принтскрин/ Гранд.онлајн

„Прашање на време е кога ќе признаат, еве Мики вели за месец дена“, изјави Судар пред камерите, а Мики го потврди тоа.

Бонус галерија

Инстаграм/ Мики Секуловски

Настапот на Мики во „Мош“

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инстаграм/ Мики Секуловски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button