Оваа пролет во мода се кратки, „несредени“ боб фризури
Можеби не е никаква новост и за вас тоа дека таканаречените „боб“ фризури се во мода, но според фризерите најбарани се кратките и оние со храбри резови кои се заслужни за новиот, „неуреден“ боб.
Ваквиот изглед добро им стои на девојките, а самиот „рез“ дури и кога е неправилен и кога изгледа како да не го направил вистински професионалец (што значи можете да го направите и сами!) повторно испраќа одлична порака.
Во прашање е совршен „рез“ кој се носи на по малку неуреден начин, по кој полудеа инфлуенсерките што ги следат трендовите од целиот свет.
И многу познати дами веќе го „фураат“ својот краток, одважен боб, а покрај фактот што ваквата храбра фризура изгледа моќно гратис со неа го добивате и тоа што овој тренд многу лесни се одржува.
Па доколку ви е здодевно повеќе да носите долга коса и сакате помалку време да минувате со фенот во рацете, еден ваков „боб“ ќе биде совршен за вас.
Благодарение на оваа фризура ќе бидете во тренд, а голема предност е и тоа што одговара на секој тип на коса.