Нова техника за коса која ќе биде хит во 2019 и со која секогаш ќе имате совршена фризура

Ен Тран е еден од најпопуларните фризери во Лос Анџелес, чии вешти раце и креативен ум се наоѓаат зад иновативните техники на шишање кои го сменија светот на фризурите во последните неколку години.

Oд генијалната „parallel undercut“ техниката за потскратување на косата до „soft waves“ техники за стилизирање на косата, Ен Тран навистина е волшебник кога се фризурите во прашање, и неговиот препознатлив стил на шишање се претвори во „beauty“ движење и тренд кој во 2019 година сите ќе сакаат да го копираат.

ADVERTISEMENT

 

Наречен „lived in hair“, ова „beauty“ движење и тренд зад кое се наоѓа омилениот фризер на популарни холивудски трендсетерки како Ајми Сонг и Кери Малиган, ни носи спој од интересни техники на потскратување на косата, стилизирање и боење што создава совршена фризура во секое време. Во што се крие посебноста на овој особено иновативно и креативно движење во светот на фризурите? „Lived in hair“ пристапот во шишањето, стилизирањето и боењето на косата носи совршено освежување баш на секоја коса, без оглед на нејзината должина и текстура бидејќи иако создава сосема нова и секогаш совршена, фризура, техниката со потписот на младиот фризер Ен Тран истовремено во косата внесува доза на ноншалантност која остава впечаток на средена и негувана коса, но не открива дека пред само неколку минути сте биле на фризер со оние строги резови и неприродни бои.

Иако само ретки фризери ќе успеат да постигнат подеднакво ефикасни „lived in hair“ ефекти во секоја коса како фризерот кој ја создаде оваа иновативна техника, постојат неколку работи што можете да ги побарате во фризерскиот салон кои се инспирирани од секогаш совршените фризури со потписот на Ен Тран. Слоевите се клучен елемент во речиси секоја фризура зад која се наоѓаат вештите раце и острите ножици на познатиот фризер, а покрај класичните слоеви овој познат фризер во косата ќе внесе и „parallel“, „soft“ или „horizontal undercut“. „Shaggy cut“ слоевите исто така се еден од неговите омилени трикови, особено кога во прашање е полу-долга коса, а благите и благо замрсените бранови кои се постигнуваат со комбинирање на фигаро и спреј за коса и текстура се неговиот омилен начин за стилизација на секоја фризура со која и го дава оној ноншалантен ефект.

Фотографии за инспирација ќе најдете во продолжение и не заборавајте да ги понесете со вас кога следниот пат ќе одите да го посетите вашиот фризер.

 

 

 

 

 

 

 

Facebook Comments
(Visited 81 times, 1 visits today)