Нова снимка од кобниот потег на Ѓоковиќ: Сите се излажани, светот во шоk, ова никој не го виде
Фановите на Новак Ѓоковиќ не можат да се помират со фактот дека тој е дисквалификуван од УС Опен.
Сметаат дека одлуката на челниците на турнирот е скандалозна, неправедна и дека српскиот тенисер едноставно нема третман каков што заслужува.
Инаку, Нова е исфрлен од турнирот зошто на мечот од осминафиналето случајно со топче погоди линиски судија.
Навивачите на првиот рекет објавија снимка која докажува дека тоа не е вистина. Тенисерот навистина го погодија судијата, но кога ќе се виде снимката јасно е дека казната е премногу строга.
На снимката се гледа дека Ѓоковиќ не го удира топчето „бесно“, туку од џебот го извади и им го испрати на собирачите на топчиња на крајот од гемот, како што секогаш прави.
Still trying to determine how people got “anger” “rage” “force” “petulance” out of that??? pic.twitter.com/kB74N7kwe5
— Lucia (@MyWildLove1) September 8, 2020
Поради сплет на несреќни околности топчето заврши во вратот на линиската судијка која не реагираше на вистински начин.
„Фала на Бога што постои технологија. Новата снимка од близу покажува што се случило. Тука се гледа како Ноле, „во бес“, „силно го удира“ топчето и го погодува судијата. Па, тоа беше крај на гемот, имаше топче во џеб па им го врати на собирачите. Не излажаа, споделете го ова!“, стои во еден од коментарите.