Нова бомба, Јанева го теши Камчев: „Не се секирај за ништо, сѐ ќе биде ОК”

Италијанскиот новинар од  Ларис Гајсер, утрово објави нова снимка којашто е поврзана со случајот „Рекет“ во земјава.

Тој најави дека  снимки поврзани со корупцијата во земјава. На втората аудио-видео снимка може да се слушне разговорот меѓу Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, но се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева.

ADVERTISEMENT

„Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“, му вели Јанева на бизнисменот Орце Камчев во еден дел од снимката.На втората снимка се слуша комплетната верзија од втората „бомба“ .Откако Бојан Јовановски попознат како Боки 13 беше уапсен заедно со Зоран Милевски (Зоки Кичеец) во медиумите веднаш се појавија и фотографии од тоа како наводно изгледала чантата во која Боки ги примил парите.

Во медиумите се шпекулираше дека Јовановски кој сега се соочува со обвинение за примање награда за незаконито влијание, како и за перење пари и друга имотна корист стекната со нелегални дејности, парите од Камчев ги земал во луксузна чанта од Луј Витон која чини околу 3500 евра.

Facebook Comments
(Visited 909 times, 1 visits today)