Новата водителка во „Ѕвездите на Гранд“ со шлиц до половината – сите чекаа да го видат ова
Првото појавување на поранешната пејачка како водителка во „Ѕвездите на Гранд“
Блескаше на сцената во страсна црвена боја
Првата емисија од шестиот круг во „Ѕвездите на Гранд“ привлече големо внимание посебно заради новата водителка.
Имено, неодамна пријатно ги изненади сите веста дека Сања Кужет е во блажена состојба, па заминува на боледување.
Ова веднаш предизвика бројни шпекулации кој би можел да ја замени убавата водителка, а на крајот одлуката падна на Ана Севиќ која веќе сме ја гледале и како водителка во слични емисии.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Ана по подолга пауза вчера повторно се појави пред малите екрани, но овој пат во улога на водителка и ги воодушеви сите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа за оваа пригода избра долг црвен фустан со длабок шлиц со кој фокусот целосно беше на нејзините убави нозе.
Во прашање е модел со кој Ана никого не остави рамнодушен, а кој го носеше со беж чевли и чокер-огрлица.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Ана и самата има три деца, но и богато искуство пред камерите. Таа сојата кариера ја започна токму во „Ѕвездите на Гранд“, но како пејачка, а беше водителка на шоуто „Некои нови клинци“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И нејзиниот прв сопруг Дарко Лазиќ исто така беше дел од ова шоу, а како Ана изгледше тогаш, погледнете тука...