Светскиот број еден тенисер, Новак Ѓоковиќ најави крај на 15-годишната соработка и ја шокираше јавноста.
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
Ноле потврди дека се разделил со своето менаџерско дуо Едуардо Арталди и Елена Капеларо.
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
Тој проговори за оваа промена во неговиот тим, која за многумина е големо изненадување, по победата над Ечевери, на Мастерсот во Париз.
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
– Да, сменив дел од тимот, менаџерите Едуардо и Елена кои беа со мене повеќе од 10 години повеќе не се со мене. Секако, остануваме пријатели, но професионално се разделивме.
Започнувам ново поглавје, поинаков пристап, тоа е почеток, не е лесно, ќе бидат потребни месеци за да се постави нов систем, но со нетрпение го чекам она што следува – изјави тој за медиумите, откривајќи дека на тимот му се придружи агентот Марко Маден.
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
На новинарско прашање кои се причините за ваквата одлука, кратко одговори:
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
– Нема да навлегувам во причините поради кои ја прекинуваме соработката, решивме да ги разделиме патиштата и готово – изјави тенискиот ас, не сакајќи да навлегува во детали.
Негова најголема поддршка е сопругата!
Ноле не крие колку неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ игра важна улога во животот. Тие важат за еден од најхармоничните парови но неодамна таа откри и детали за бракот кои никој не ги знаеше.
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
Имено, Јелена во 2017 година го снимила тренингот на Новак и го пренесувала во живо на Фејсбук. На крајот од лајвот дошло до расправија меѓу сопружниците, која случајно отишла во етерот. Новак и го одзеде телефонот на Јелена од рака, а тоа воопшто не и се допадна.
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
‒ Како се однесуваш? Ти благодарам, љубов, ти благодарам! Така ли треба да кажеш – го искара Јелена, а неколку секунди подоцна сфати дека тоа е објавено.
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
Јелена сега објасни што се случило тој ден.
‒ Кога луѓето ќе ми кажат дека сме совршени, веднаш велам дека не сме. Јас сум многу своја и не ми е гајле што велат луѓето околу мене. Кога јас и Новак сме заедно, навистина сме ние, и кога се караме и кога сме заљубени. Тоа е емоција која е природна и мило ми е што можеме да бидеме свои – рече Јелена во гостување на телевизијата К1 и се наврати на караницата на која добро се сеќава, а која се случи кога беше бремена.
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
‒ Новак е многу автентичен. Заедно сме од 18 години и сакам да одговарам кога луѓето ми велат дека сме совршени.
Веднаш да ви кажам дека не сме. Се сеќавам кога се скаравме во јавност пред неколку години. Бев бремена и емотивна, а тој во тој момент беше груб – откри Јелена и објасни:
фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
‒ Реагирав како што реагирав. После, кога размислував за тоа, се запрашав: „Боже, дали луѓето навистина мислат дека сè е мед и млеко кај нас“. Сепак, мислам дека не размислуваат, но веројатно е таква проекција – имаат успех, слава, пари, претпоставуваат дека така е подобро истакна Јелена.