Нобеловец ја предвиде епидемијата во Кина, бројот на заразените и жртвите: Сега открива кога и каде ќе заврши короната
Професорот по биологија од Универзитетот Стенфорд и добитник на Нобеловата награда за хемија д-р Мајкл Левит предвидува набрзо крај на пандемијата со коронавирусот!
Во напис Лос Анџелес Тајмс напоменува дека претходно Левит точно го предвидел развојот на ситуацијата околу коронавирусот во Кина и најлошата криза во историјата на земјата.
Професорот истакна дека не верува во прогнозите дека моменталната криза ќе трае со месеци или пак со години и дека ќе доведе до милиони жртви.
На почетокот на февруари испратен е извештај во кој се вели дека ширењето на болеста во Кина го достигнала својот пик и дека стапката на раст на починати ќе се успори уште повеќе во рок од недела дена. Левит предвиде дека вкупниот број на потврдени случаи на Ковид -19 во Кина на крајот ќе биде околу 80.000 луѓе, додека околу 3.200 луѓе ќе го загубат животот. Реалните броеви се покажаа многу близу до прогнозата: од 24 март во Кина се регистрирани 81.588 случаи со 3.281 лице кое го загубија животот.
Сега доктор Левит предвидува сличен исход и во САД и во остатокот од светот.
„Сега главен проблем е контролирањето на паниката“, рече д-р Левит, а пренесува Лос Анџелес Тајмс.
И покрај фактот дека многу епидемиолози предупредуваат дека ова ќе трае со месеци, ако не и со години и ќе има општествен пресврти и милиони загубени животи, овој научник вели дека постоечките податоци не укажуваат на толку драстично и ужасно сценарио, посебно во областите во кои се преземаат разумни мерки за спречување на епидемијата и социјална изолација. Тврди дека со почитување на овие основни мерки на заштита се брзо ќе заврши.
Професор Левит секојдневно ја анализира ситуацијата во 78 земји во кои дневно се регистрираат повеќе од 50 нови инфекции. Во нив гледа „знаци на забавување на пандемијата“. Меѓутоа одби да каже прецизен период кога очекува дефинитивен крај на пандемијата на коронавирусот.