Нашата министерка овој пат навистина не изненади
Бидејќи нашите политичарки најчесто ги гледаме во елегантни деловни изданија, заборавивме како изгледаат во своите кежуал варијанти.
Но токму затоа и се воодушевивме од ова издание на нашата министерка за финансии, Нина Ангеловска. Имено, таа на еден настан кој се одржа во Скопје Сити Мол ни покажа дека и со обични фармерки и едноставна бела кошула, преку која носеше црна блуска и со минимум шминка може да изгледа подеднакво добро како и во своите елегантни комплети.
Во прашање се фармерки со „мама“ крој и широки ногавици, кои се мошне популарни во последно време, а Нина ги носеше со кафеав кожен ремен и кошула ставена во фармерките. Таа ги изненади сте со ова „необично“ модно издание, но многумина ја пофалија заради ваквиот смел избор.
Нина фармерките кои подеднакво добро им стојат и на витките и на жените со облини, ги носеше со едноставна црна блуска со копчиња и обични тегет патики.
Па, што велите за ова опуштено издание на нашата министерка?
Во продолжение погледнете уште неколку модели на фармерки што ќе бидат хит во 2020.
Тесни модели со висок струк
„Винтиџ“
Куси
Скинати
Bootcut + Flared