Николиќ се соблече и со последната фотографија ги шокираше сите – коментарите пристигаат од сите страни, а еве и зошто
Нејзините нозе сега изгледаат преслабо, па фановите се загрижени за нејзиното здравје?

Ана во последно време е редовна со своите активности на Инстаграм, а со новите фотографии што ги објави, позираше во костим за капење.
Веднаш откако ги објави фотографиите лајкови и коментари почнаа да пристигаат од сите страни, но покрај убавите зборови, доби и неколку критики од своите фанови.
„Те молам немој повеќе да слабееш“, и’ напиша еден загрижен фан во коментарите.
Имено, судејќи според последните фотографии од плажата Николиќ изгубила и премногу килограми, па сега изгледа преслабо.

„Ти честитам за успехот, но ова е преслабо кон анорексија“, пишува во еден друг коментар под најновите фотографии на кои „девојката од чоколадо“ позира во костим за капење.

Да потсетиме, Николиќ на почетокот од август 2017 кога се породи имаше 125 килограми, како што пренесоа тогаш одредени медиуми. Но таа откако излезе од породилиштето максимално и се посвети на својата ќеркичка Тара, истакнувајќи дека „не изгледаат сите жени како ангелите на Викторија по бременоста“, и дека сега во фокусот и е мајчинството и нејзината наследничка.

Сепак, познатата пејачка реши да се врати на музичката сцена и со помош на редовни тренинзи и здрава исхрана успеа повторно да се врати во форма.