Николиќ се преполови, па сега некои ја критикуваат дека им изгледа анорексично – за овие фотографии зборуваат сите

Ана Николиќ за кратко време изгуби голем број килограми, но, очигледно, нема намера да застане тука.

Популарната пејачка пред скоро две години се здебели и долго време имаше проблеми со вишокот килограми што ги стекна за време на бременоста и откако се породи. Но тогаш на прво место и беше потполно да и се посвети на својата ќерка Тара, а не да се врати во топ форма.
Сепак, таа во пресрет на издавањето на својот нов албум „Клиника“ реши повторно да биде онаа старата.
Започна со макотрпните тренинзи и диети и сега изгледа дури подобро и од пред бременоста.
Иако во некои медиуми се појавија гласини дека новиот изглед го има благодарение на тоа што го намалила желудникот, Николиќ негираше дека направила операција, а тоа го докажуваат и фотографиите од тренинзите што во изминатиов период ги објавуваше на Инстаграм.

Но „девојката од чоколадо“ сега повторно е мета на критики, само што овој пат затоа што е „премногу тенка“, па дури за многумина изгледа и „анорексично“.

Но Ана во врска со ова коментираше со насмевка „никогаш не можете да им погодите на сите“.

На последните објавени фотографии на Инстаграм, можете да ја видите Ана во црно од глава до пети, што повторно предизвика коментари дека се преполовила. Од друга страна, многумина сугерираат и дека „црната боја стеснува“, како и тоа дека пејачката вака „изгледа одлично“.

Инаку, Николиќ во последно време се почесто ги изненадува фановите со своите фотографии на социјалните мрежи.

Па така откако драстично ја скрати косата и се пофали со својот нови имиџ, модните критичари забележаа дека таа се почестила и со нова чанта од Луј Витон од 2000 евра. Покрај ова таа си купи и нов автомобил од марката Мерцедес, за кој наводно потрошила 120.000 евра.


Па, дали ви се допаѓа новиот изглед на Ана?