Никола Исаиловски- Цацко: „Добриот готвач се познава по енергијата“

Нема кој од нас не ужива во храната, но не сите уживаме во готвењето.  Каде и да припаѓате сите сакаме нешто вкусно и деликатесно да вкусиме во текот на денот.А знаеме дека  најдобрите готвачи во светот се мажи.

Никола Исаиловски или повеќе познат како Цацко и „Fat Kitchen“ е од онаа група која обожува да готви и тоа секој ден нешто различно.

ADVERTISEMENT

Како се роди љубовта кон готвењето?

Љубовта кон готвењето се роди уште во раните школски денови. Најпрво беше од примораност, а подоцна прерасна во љубов и пасија. Како мали се сеќавам се случуваше јас и брат ми да сме дома сами цел ден, нашите родители работеа по 2 работи и скоро никогаш не успевавме да бидеме сите заедно дома за ручек. Па така еден ден решив да ја изненадам мајка ми. Беше знам една студена зима. Во тоа време  на работа често им исплаќаа во храна а не во пари па така имавме во замрзнувуачот замрзнато свинско. Одмрзнав едно парче и земав го испржив. Не се сеќавам ни дали ставив сол :D. Брат ми во целиот процес постојано дофрлуваше – ”Дебел ќе направиш хаос во кујна мама ќе се налути”. Но пусти мерак не застануваш :D. Обично мајка ми се враќаше околу 22:00 часот навечер, па ова се’ се случуваше околу тоа време. Кога се врати дома, прво нешто што праша е кој ни бил на гости и кој готвел. На тоа брат ми покажуваше со прст накај мене за да не го изеде он (знаете постар и помал брат како оди кога ќе се направи беља) а јас исплашено кажав ”Јас”. Во тој момент мајка ми дојде и не гушна силно двајцата, почна да плаче и кажа само благодарам. Тоа за мене беше најголемата инспирација и мотив да почнам и професионално да се занимавам со готвење бидејќи од тогаш сфатив дека преку храната можеш многу лесно да ги натераш луѓето да заборават на сите проблеми и да бидат среќни и насмеани.

Кажи ни за животот надвор од Македонија? И што те натера да се вратиш?

Животот надвор од Македонија е супер, сегде е супер ако така си ја поставиш работата. Само, кога правиш креативни работи, јас сметам дека најискрено ќе биде направено онаму од каде што доаѓаш. Во Македонија има уште со што да се докажуваш, уште има работи кои допрва треба да се направат, уште има ”почва за орање”.

Зошто одлучивте да се посветите токму на кулинарството?

Како што спомнав погоре. Храната е нешто кое ги тера луѓето за момент да заборават на проблемите во животот и барем за момент да ги направи среќни. Нешто што мене ме прави најмногу среќен е кога некој ќе проба нешто што сум зготвил и фидбекот ќе биде една огромна насмевка. Доволно е. Според мене храната може да доведе и до мир во светот.

По што се познава еден добар готвач?

Добар готвач се познава по енергијата што ја има самиот човек, по харизмата, по шармот… Сето тоа се отсликува во чинијата која ја добивате од готвачот. Сите најпознати светски готвачи ја имаат таа позитивна енергија, имаат страшна харизма. Така да при следна прилика пред да седнете во ресторан, пробајте да дознаете кој е готвачот и побарајте да се запознаете со него 😉

Која е најчестата кулинарска грешка што ја правиме?

Брзање. Најголемата грешка што ја правиме сите е кога брзаме во кујната. Полека, ”It needs time”. Исто така уште една грешка. Додека се готви секогаш треба да пробувате. При секое додавање на нова состојка треба да се проба до каде е, дали треба сол, дали е премногу солено…. пробувајте луѓе :D.ж

Се вели дека патот до срцето на мажот е преку стомакот. Важи ли тоа и за жените?

Секако дека да. Со самиот факт што ги рушиш сите предрасуди дека само жената е таа што треба да готви, дава една причина плус да го освоиш нејзиното срце :D.

 

Facebook Comments