Никогаш не изгледала поубаво – војвотката од Кембриџ со ова издание го воодушеви светот

Последното издание на Кејт не потсети на божиќната атмосфера поради црвено-црниот тартан со бели детали.

Кејт Мидлтон во фантастично „off-duty“ издание ги пречека гостите во Кенсингтонска палата и со својот моден избор ја наговести празничната естетика. Имено нашата драга Kate The Great овој пат носеше едностаен црн тесен џемпер со мали бели копчиња во комбинација со впечатливо здолните со тартан дезен, а целото издание го нагласи со преубави високи чизми со високи потпетици и шпиц.

ADVERTISEMENT

Војвотката со нејзината препознатлива насмевка на лицето и убава, пуштена коса чекореше заедно со својот принц, и двајцата видно расположени, додека целата атмосфера беше дополнително украсена со вештачки снег.

Па, што велите за ова издание на Кејт?

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed