Не ја трга насмевката од лицето откако е во љубов со РУСОКОСАТА УБАВИЦА, ќерка на Велија Рамковски
И двајцата никогаш не изгледале посреќно, а оние што ги познаваат за нив велат дека се пар од соништата!
Познатиот македонски пејач и композитор Роберт Билбилов веќе некое време ужива во складна врска со неговата нова девојка.
Тој не крие дека неговиот живот се промени откако ја запозна својата нова љубов од која сега не се разделува.
Впрочем тоа може да се забележи и од неговиот Инстаграм профил, каде веќе некое време објавува заеднички фотографии.
Фото: Инстаграм/ Роберт Билбилов
Станува збор за ќерката на Велија Рамковски, Лејла Рамковска, позната јога инструкторка и инфлуенсерка од Скопје.
Фото: Инстаграм/ Роберт Билбилов
Таа е русокоса убавица која го одзема здивот, а секоја нејзина фотографија на Инстаграм изгледа како разгледница.
Но во последно време најмногу внимание привлекуваат фотките на кои Роберт и Лејла се заедно, кои блескаат со љубов и романтика.
Фото: Инстаграм/ Роберт Билбилов
Всушност токму такви се и фотографиите што Билбилов ги сподели неодамна, а на кои и двајцата не ги тргаат насмевките од нивните лица.
Фото: Инстаграм/ Роберт Билбилов
„Овој викенд беше прекрасен, со мојата сакана“, напиша Билбилов во описот на фотките направени во Охрид, а на кои и двајцата изгледаат пресреќно, па многумина им порачаа дека се преубав пар.
Фото: Инстаграм/ Роберт Билбилов
„Најубавиот пар“, „Многу сте убави“, „Срцки сте“, „Ептен сте убави“, „Моќен пар“, беа само некои од коментарите што овие две нови заљубени птички меѓу познатите ги добија од своите фанови и пријатели.
Фото: Инстаграм/ Роберт Билбилов
Инаку, тие и двајцата зад себе имаат по еден брак, од кој Лејла има син и ќерка, а Роберт еден син.
Фото: Инстаграм/ Роберт Билбилов
Лејла беше во брак со бизнисменот Сефер Цановски од кого се раздели пред пет години, а Роберт се разведе во 2018 година, по пет години брак поминат со манекенката Ана, со која го има синот Давид.