Не ја трга насмевката кога се заедно – Момчето на Цеца објави нови НЕОДОЛИВИ фотографии од неговата наследничка
Погледнете ги овие емотивни моменти
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ заедно со своето момче Богдан Срејовиќ замина н заслужен одмор.
Тие отпатуваа на Копаоник, каде пејачката има свој апартман, а со нив е и ќерката на Богдан, шестгодишната Искра.
И Цеца и Богдан, откако во јавноста „испловија“ вестите дека се во врска, редовно објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Од нив можеме да заклучиме дека и двајцата уживаат во нивната романса, но и дека наследничката на Богдан одлично се согласува со познатата пејачка.
Но овој пат Богдан објави уште една емотивна фотографија од зимувањето, со тоа што на неа е во прегратки со ќерката Искра.
Таа лежеше во неговиот скут, и двајцата видно расположени, а фотографиите најверојатно ги направи Цеца.
Менаџерот на фотографијата што ја објави закачи и каде се наоѓаат, а истата ја лајкуваше и неговата сакана.
Инаку, Богдан ќерката ја има од поранешниот брак со Зорана Тасовац, сегашната девојка на пејачот Саша Ковачевиќ.
Тој е активен на социјалните мрежи, а откако се дозна дека и е момче на Цеца, бројот на фанови значително му се зголеми.
Во продолжение погледнете уште неколку негови фотографии на кои ужива со својата мала наследничка.
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ