Не се плашам од коронавирусот, фрижидерот ми е полн со пиво! – Српската пејачка вака се брани од вирусот додека е на турнеја
Душица Грабовиќ моментално е на австралиска турнеја со колегата Дарко Филиповиќ, а каде и да се појавата прават спектакл.
Таа за „Ексклузив“ ги сподели впечатоците, а во таа прилика и повторно извести за ситуацијата со коронавирусот на дестинациите каде престојува.
https://www.instagram.com/p/B9ZDzogjdNV/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading
„Не се плашиме Дарко и јас од коронавирусот, полн ни е фрижидерот со ‘Корона’ пиво!“, се пошегува пејачката.
Потоа објасни дека морала да ја смени локацијата за снимање на спотот токму поради коронавирусот.
„Ја сменив локацијта, токму поради вирусот кој зеде замав, иако јас многу и не верувам во тоа, не сум хипохонрик. Патувам секаде, но мислам дека треба себеси да се чувам. Нема да удри гром во коприва! Штом ќе слетам од Австралија одам со екипата до Шпанија, па таму ќе снимаме. Во прашање се Мадрид или Тенерифе“, раскажа Душица.