Не престанува со провокациите, но овој пат се надмина себеси – „горат“ социјалните мрежи од ова необично издание на Цеца
Уште едно фасцинантно издание на Цеца
Светлана Цеца Ражнатовиќ не престанува со изненадувањата за публиката и со своите модни изданија.
Така беше и овој пат кога балканската кралица на фолк-музиката се појави во по малку необично издание пред претставниците на седмата сила. Имено, популарната пејачка за последното снимање во „Ѕвездите на Гранд“ избра комбинација со која никого не остави рамнодушен.
Откако неодамна ги изненади со својата нова фризура, Цеца овој пат привлече внимание со својот моден избор.
Таа носеше необичен „тренч“ капут со интересен детаљ на ракавите, а целото издание го заокружи со кармин во впечатлива црвена нијанса и интересни шишки додека косата и беше врзана во висока пунџа.
И покрај тоа што носеше капут, во центарот на вниманието беше нејзиното бујно деколте со кое и овој пат го украде шоуто.
Пејачката привлече внимание и со малиот црн фустан што го носеше во комбинација со црни чизми со високи потпетици.
Во прашање е интересна црна тоалета со впечатливи ракави и должина која во преден план ги истакна нејзините нозе.
Како Цеца изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд