Реклама
Uncategorized

Не очекува ли повторно карантин и кога ќе се отворат границите?

Реклама

Како што соопшти министерот Венко Филипче, во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19. Од нив најмногу има во Скопје (59) и Куманово (12), па следува Штип со 7 регистрирани, Струга со 6 и Тетово со нови 5.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби животот го изгуби 84-годишна пациентка од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во Градската општа болница „8 Септември“ тројца пациенти го изгубија животот: пациент од Тетово (75 г.) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71 г.) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58 .г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти: 2 од Тетово и 2 од Велес.

Маркетинг

Досега во земјата се направени вкупно 32 161 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 492, бројката на оздравени пациенти е 1 605, а животот го изгубија 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Маркетинг

Ќе има ли повторно карантин?

По зголемените бројки на заразени од корона вирусот, Комисијата за заразни болести денеска има и втор вонреден состанок,на кој присуствува и министерот Венко Филипче и претставници од МВР.

Вонредниот состанок следува по информацијата дека и денеска има зголемен број на заразени од корона вирусот, односно над 100, од кои преку 50 лица се од Скопје.
Како што објави Фокус, од комисијата неофицијално коментираат дека најдобро ќе биде за празникот Духовден да се воведат рестриктивни мерки, посебно во деловите кои се жаришта, бидејќи постои опасност вирусот неконтролирано да се шири.

„Целта на состанокот е заедничка координација за дејствување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот. На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки“, соопштија од министерството за здравство.

Најдоцна до утре се очекува Владата да донесе и одлука дали ќе има полициски час за претстојниот викенд кога е и Задушница.

Венко за Ал Џезира

Министерот за здравство, Венко Филипче, за телевизијата АЛ Џезира изјави дека причината за новонастанатата ситуација во Македонија и зголемениот број на нови заразени случаи со корона вирусот е тоа што луѓето во главно не ги почитувале мерките што го носи владата и министерството за здравство. Се правеле групни собири, не се носеле маски и не се почитувала мерката за дистанца од два метри. Што се однесува до тоа во кои делови најмногу се шири вирусот, Венко изјави дека тоа се места во околината на Штип, Куманово, Тетово и само во некои делови од Скопје.

Утврдено е дека голем дел од овие нови случаи всушност се заразиле уште додека траеле рестриктивните мерки и полицискиот час, што е уште еден доказ дека граѓаните не ги почитувале овие мерки.

Во моментов се прави анализа на сите контакти на новозаболените, од кои еден дел оди во изолација, а други се тестираат.

Филипче изјави дека со новите рестриктивни мерки не се брза без претходно добро да се анализира ситуацијата.

Кластерите да ги држиме под контрола

На прашање дали е во прашање нов бран на ширење на коронавирус во Македонија, и каде се наоѓаме сега, Филипче изјави дека вирусот нема да исчезне и дека сите мораме да бидеме свесни за тоа. Мораме да научиме да живееме со вирусот, но и да ги почитуваме сите мерки за заштита. Ова не е борба само на здравствениот систем, ова е борба и на граѓаните, па и на сите земји, изјави Филипче.

Според анализата, голем број граѓани ги почитуваат мерките, нема гужви пред маркетите и банките,, вели Филипче. Но исто така голем е и бројот на граѓани кои не ги почитуваат мерките, и заради тоа ни се случуваат вакви сценарија. Но како што вели тој, кластерите се под контрола.

Тој додаде дека земјите на Балканот успеале да го избегнат италијанското сценарио. Не бевме сведоци на долги редици на возила за брза помош бидејќи немало места за пациентите во болниците. Тоа од друга страна допринесе граѓаните премногу да се опуштат. Затоа министерот Филипче во интервјуто за Ал Џезира најави дека ќе започнат со агресивна кампања, со која ќе им прикажат на луѓето каква е состојбава во болниците, но и со оние кои ја поминале болеста да ги кажат своите искуства.

Што се однесува до отворањето на границите, министерот Филипче, најави дека во текот на следната недела ќе се донесе одлука дали ќе се отворат границите, и покрај тоа што во моментов Србија и Бугарија веќе ги имаат отворено границите кон нашата држава.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button