Не, ова никоj НЕ го очекуваше од Цеца! На прашањето за Богдан, таа ги ШOKИPAШЕ СИТЕ, планира ли да го остави?!
Цеца даде краток, но неочекуван одговор
Кога се појави пред студиото на Гранд во своето опасно издание никого не остави рамнодушен.
Имено таа носеше комбинација во страсна црвена боја од глава до пети, со синџири и огромно деколте.
Пејачката веднаш го привлече вниманието на сите, позирајќи занесно пред претставниците на седмата сила.
Но очигледно дека некои прашања што и ги поставија новинарите пејачката сакаше да ги прескокне.
Имено, Ражнатовиќ веќе со месеци е во врска со осум години помладиот Богдан Срејовиќ, па едно од прашањата за фолк ѕвездата, која и овој пат беше одлично расположена, беше дали е се во ред на љубовен план.
„Ништо не е океј, катастрофа“, одговори Цеца иронично, по што брзо продолжи на снимањето не сакајќи да зборува на оваа тема.
Сепак она што остана нејасно, а кое ги интересира сите, е тоа дали нешто се случува со неа и Богдан или едноставно не сака да зборува за својот приватен живот.
Тие неодамна беа на Златибор, од каде видовме и романтични фотографии што ги објави Богдан.
И покрај големата популарност на балканската фолк-дива, тие, сепак, и двајцата се обидуваат нивната врска да ја држат далеку од очите на јавноста.
Пејачката неколку пати изјави дека е многу среќна со него, а тој ја следи и поддржува на сите концерти.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд