Не можеше да се воздржи: Спасен Силјаноски ПОВТОРНО СЕ РАСПЛАКА во емисија – пејачот проговори со што се борела ќерка му
Неговиот голем хит стана популарен и во светот, а македонскиот пејач откри и како настанал.
Спасен никогш не ги крие емоциите, па повторно се расплака откако проговори за неговата песна.
„Ќе ти дојдам“ е песна која Спасен Силјаноски ја испеа пред 5 години, но благодарение на социјалната мрежа Тик Ток песната освен во Македонија стана голем хит на Балканот, но и во светот.
Корисниците се снимаат додека танцуваат на оваа песна, која на Спасен му донесе огромна популарност и го направи еден од најпребаруваните пејачи во моментов на Гугл.
Во интервју за магазинот „Бекстејџ“ тој откри дека песната настанала сосема спонтано.
Имено, кога излегол да вози велосипед, на првите 20 километри му дошла инспирација за песната и бидејќи не носел телефон со себе, се вратил дома за да ја запише. Се чини дека тоа се исплатело, бидејќи песнатата сега ја знаат и стари и млади.
Спасен е еден од ретките балкански мажи кои не ги воздржуваат солзите и емоциите, а често се случува песна да го расплаче.
Постојат снимки на Јутјуб меѓу кои и онаа на која ја изведува песната „Мајка“, а на која од почеток до крај на песната тој плаче.
Тој за „Бекстејџ“ откри дека оваа песна го потетува на тежок период од неговиот живот, додека неговата ќерка се борела со болест.
Песната мајка му значи многу бидејќи е врзана со тежок период од неговиот живот.
„Мојата ќерка се роди со бубрежна болест, како и секој родител сметав дека ако треба ќе се качам на месечината само да се излечи.
Дури имав предлог со еден хирург, му реков што реба да направам, тој ми рече, ти како родител твоја обврска е цел живот да се грижиш.
ФОТО: Принтскрин
Најдов еден докор кој се нафати да изврши операција и тоа со 50-50 отсто успех и ми побара огромна сума на пари која што јас ја немав.
ФОТО: Принтскрин
Во тој момент излегов од болница, запалив цигара иако тогаш не пушев. Песната мајка веќе беше подготвена и аранжманот направен, дојде еден колега случајно ми вика сакаме да ни направиш песна за нас, сакаме нешто во твој стил и му реков имам и им ја продадов таа песна иако беше за мене, затоа што ми требаа пари за операција.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
После сите ме прашуваа, но не можев да објаснам, но после некоку години си ја повратив и затоа ми значи, затоа што ме потсетува на многу тешки моменти, не му посакувам на никој да има такви моменти, особено со децата. Девојчето ми е супер, операцијата беше успешна, сега е супер петка девојка“, раскажа пејачот кој цело време додека зборуваше за овој период не можеше да ги воздржи солзите.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски