Не можеме да одлучиме кое од ОВИЕ ДВЕ ИЗДАНИЈА НА ЕЛИЗАБЕТА Е ПОУБАВО – што мислите вие?
Првата дама на Македонија има стил што ги воодушевува сите
Нашата прва дама Елизабета Ѓоргиевска заедно со сопругот, претседателот Стево Пендаровски е на службено патување во Америка.
Таа го придружува претседателот на генералниот самит на Обединетите нации во Њујорк каде со своите модни изданија кои можевме да ги видиме и преку нивните профили на социјалните мрежи, ја воодушеви целокупната македонска јавност.
Тоа посебно се однесува за едно од нејзините последни изданија кога ја избра бојата која и беше омилена на Меланија Трамп.
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Имено, нашата Прва дама блескаше во елегантниот фустан со нежна сина боја со долги ракави и здолниште со средна должина.
Преубавиот фустан и стоеше феноменално на Елизабета која целото издание го заокружи со стилето штикли во беж нијанса.
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Но покрај ова издание во стилот на незборавната прва дама Меланија Трамп, Елизабета блескаше и еден ден претходно.
Многумина тогаш беа воодушевени и од нејзиниот костим, а како првата дама изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Во прашање се бели панталони и сако во истата нијанса со кои првата дама на Македонија остави посебен впечаток.
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Комбинацијата изгледа моќно, а Бети во неа изгледаше младешки и модерно, со што повторно заслужи чиста десетка.
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Па, кое од овие две изданија на Првата дама ви се допаѓа повеќе?
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Погледнете ги и останатите комбинации на нашата Прва дама…