Популарната пејачка Александра Младеновиќ неодамна се најде на мета на критиката поради своите килограми, а многумина мислат дека направила и естетски операции.
Како што и самата истакнува, се здебелила зошто има здравствени проблеми, а кога се во прашање естетските корекции, Александра беше искрена и рече дека на себе ги правела само устата и градите.
– Гледам да не се оптоварувам со секакви коментари. Ги правев градите и устата! Ништо повеќе! Многу лошо позирав во таа емисија и изгледаше така како што беше и сликано, од најлош можен агол.
Изгледот на Александра се најде на осуда, па пејачката мораше да реагира. Призна дека се здебелила 7 килограми зошто има здравствени проблеми, како и дека поради хормонската нерамнотежа и отекува лицето.
– Притоа, јас се здебелил седум килограми! И не само тоа, имам и мал хормоски дизбаланс па ми отекува лицет, така што тоа што пишуваат и зборуваат се глупости и не ме засега. Што треба, да се затворам дома и да ме нема никаде, чудни се луѓето, навистина, рече Александра по тој повод.
Александра Младеновиќ изгледа целосно поинаку отколку кога пред неколку години се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Имаше руса коса, заносно тело, а нејзината широка насмевка многумина ја запаметија. Освен неприкосновениот глас, се издвои и со ставата, а многумина говореа дека ќе биде една од најуспешните пејачки од домашната естрада.
Еве како изгледаше Александра како русокоса: