Стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад.
В сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето.Македонците, заедно со жителите од цела Европа, уште неколкупати ќе ги свртат стрелките на часовниците заради промена од летно во зимско сметање на времето и обратно.
Последен пат тоа ќе се случи во 2021 година, кога летното и зимското време ќе заминат во историјата, затоа што Европскиот парламент во март 2019 година донесе одлука за прекинување на сезонските промени на времето.
Државите ќе мора да одлучат во кое време ќе останат трајно.
Граѓаните наскоро, на 27 октомври, ќе мора да ги вратат часовниците за еден час наназад, со што ќе започне зимското сметање на времето, што ќе резултира со порано разденување и порано стемнување.
Фото: Shutterstock