Не е само Кија Коцкар на која и се допаѓа новото момче на Цеца – ќе се ШОКИРАТЕ од пораките што Богдан ги добива од жените
Богдан за многу жени е маж од соништата
На Кија Коцкар (31) и се допаѓа новото момче на Цеца Ражнатовиќ (47)
Пејачката не крие дека нејзе Богдан Срејовиќ и изгледа како добар фраер, па воопшто не е ни чудно што ја освоил Цеца
Познатата пејачка и победничка во првата сезона на „Задруга“ вели дека и самата сака помлади мажи. Порачува дека и таа сигурно ќе шета „младо мевце“ кога ќе влезе во петтата деценија од животот.
„На момчето на Цеца не му фали ништо. Нема врска што е помлад од неа, па и јас сакам младо мевце. А кога ќе бидам во годините на Цеца, ќе барам помлади момчиња од сега. знаете како се вели – помладото е секогаш послатко“, вели Кија за српскиот портал „Информер“.
Кија потоа додаде и дена момчето на Цеца не го познава, но верува дека е супер и дека имаат заеднички пријатели. Тој наводно е близок со многу нејзини другари, а штом тие се дружат со него, тоа значи дека е квалитетен. Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, пејачката вели:
„Можам да ви кажам само дека емотивно сум исполнета во секоја смисла. Среќна не ме прави само партнерската љубов туку и семејството и пријателите. Мајка ми многу ми недостига бидејќи учествува во Задруга, но добро, ќе излезе, па повторно ќе бидеме заедно“, вели таа.
Инаку, по веста дека Цеца има девет години помладо момче, Богдан преку ноќ стана посакуван и баран меѓу жените.
За само 24 часа доби неколку илјади следбеници на Инстаграм, а некои девојки дури и му испраќаат љубовни пораки.
Таква порака стигна и до редакцијата на Информер, која го објави писмото од една девојка што е вљубена во него.
„Богдан, јас морам да ти кажам дека ти пишувам од лажен профил. Јас сум Ивана, знам многу твои пријатели и Саша Т. и неговата екипа. Знам дека си со Цеца. Таа е дама и прекрасна жена, но кога би ми одговорил, јас би сакала да бидеме заедно барем тајно. Никој да не знае“ пишува таа.
Како што објави порталот, во понатамошната порака се гледа дека девојката по секоја цена сака да се види со него.
Таа дури му остави и број и му порача дека би можеле да се видат во неговиот ресторан кога таму нема да е Цеца.
„Јас неа многу ја сакам, но мислам дека јас сум жена за тебе. Ние сме иста генерација и имам ќерка. Те молам јави ми се“, пишува искрено оваа девојка.
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ