Неџла пред да го сретне Бали-бег беше вљубена до уши во еден од НАЈПОЗНАТИТЕ турски заводници кој беше 14 години постар од неа

Неколку работи што не сте ги знаеле за Неџла

Познатата турска актерка подеднакво е привлечна како на малите екрани, така и во вистинскиот живот.
Но покрај убавиот изглед и неспорен уметнички талент, Фахрие Евџен може да се пофали и со диплома по историја и фактот дека знае да зборува четири јазици.
Прекрасната и талентираната актерка Фахрие Евџен која што нашата публика обожава да ја гледа во турските серии, е родена во градот Золинген во Германија, како најмала во семејството со четири деца. Нејзината мајка по потекло е од семејство на Черкези и Турци, а нејзиниот тако е имигрант од областа во близина на Кавала, во Грција. Таа и покрај тоа што се прослави со сериите во Турција, се уште има германско државјанство, иако со својот сопруг Бурак Озчивит и синот Каран веќе со години живее во Истанбул.

Покрај тоа што зборува одлично германски и турски, таа добро ги познава и англискиот и шпанскиот јазик.
Во Германија таа беше запишана на социологија, но на 19 години добива покана да се пресели во Турција и да заплови во актерските води во телевизиските серии. Таа го прифати повикот, па се пресели и веднаш доби улога, а во Истанбул се запиша и на студии по историја во Истанбул.

По неколкуте споредни улоги во сериите, првата вистинска прилика за Фахрие пристигна со наградуваната серија „Кога лисјата паѓаат“ во која што ја глумеше Неџла Текин. Серијата е снимена според романот на турскиот писател Ресер Нуриј Ѓунтекин, а тоа дека актерката одлично се снаоѓа во женските ликови што ги има замислено овој писател, покажа и со главната улога во серијата „Дневник на љубовта“ („Çalikusu“). Таа во оваа серија ќе ја сретна и љубовта на својот живот, познатиот турски актер Бурак Озчивит.

Заради својата неодолива убавина многумина ја нарекуваат турската Моника Белучи, па ќе оствари успешна кариера и како модел.

По четири години врска, познатиот пар ќе ја круниса својата љубов со брак во 2о17, а по две години, односно на 14 април 2019 година, ќе се остварат и во улога на родители.

Фахрие во 2017 ќе се најде на листата меѓу 30 најубави жени на светот на порталот „Buzznet“ кој го следи животот на познатите.
Инаку, и првата сериозна врска на Фахрие исто така и беше со колега, славниот турски актер и пејач Озкан Дениз.

Парот се запозна во 2008 година, а Фахрие од Озкан беше 14 години помлада. Тие во 2012 ќе го снимат заедно романтичниот филм „Evim Sensin“, кој ќе го режира Дениз, а набргу по снимањето ќе ја прекинат врската.
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
