Најпознатиот турски пат, Бурак Озчивит и Фахрие Евџен вчера околу 13.30 го добија своето прв дете.
Бебето е машко и тежи 3 килограми и 670 грама, со должина 52 сантиметри, а познатиот пар одлучи да му го даде името Каран. Бали-бег како вистински господин цело време беше покрај својата сакана сопруга, а синот го дочекаа со солзи радосници, јавува турскиот „Сабах“.
Колку беа нестрпливи да го дочекаат доаѓањето на синчето сведочи и тоа што уште на неродениот син му отворија профил на социјалната мрежа Инстаграм и во таа пригода открија и какво име ќе му дадат.
Инаку, Бурак и Фахрие долго време криеја дека Фахрие е бремена, но откако гласините се потврдија како точни, парот реши и сами да ја потврдат среќната вест.
Неџла со трудничкото стомаче, во црн фустан и кожена јакна
„Среќни сме и возбудени. Тоа е чувство што не може да се опише со зборови. Секако, почувствителна сум сега, како што тоа е случај и со секоја бременост, но тоа е природно. Во оваа состојба од никој не барам совети ниту читам книги за бременоста. Тоа се некако се чувствува“, изјави Фахрије пред неколку месеци.
Инаку, убавата турска актерка Фахрие која се прослави со улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“ и Бурак со улогата на неодоливиот Бали-бег од „Сулејман Величествениот“, се венчаа во 2017 година.
https://www.instagram.com/p/BueEBHnFju6/?utm_source=ig_embed