Нејзиниот син има четири години и се уште го дои: „Ми кажуваат дека сум педофил заради тоа”
Оваа мајка го дои својот 4-годишен син со аутизам, и вели дека луѓето ја нарекуваат педофил.
Јакали Ди Ром, 31-годишна мајка на две деца од Велс, постира голем број на фотографии на социјални мрежи како го дои својот син Ханс, и со тоа стана предмет на онлајн злоупотреба.
https://www.instagram.com/p/BflzSBgDWbG/?utm_source=ig_embed
На една од фотографиите Јакали го држи Ханс со една рака, а другата едномесечното бебе. И додека нејзините обожаватели ја пофалија фотогрфијата се појавија и оние кои почнаа да ја напаѓаат заради она што го прави.
https://www.instagram.com/p/Btbfi82he_Q/?utm_source=ig_embed
„Тие ме нарекуваат педофил затоа што го дојам мојот син“ рече таа. „Ми рекоа да учествувам во детска порнографија затоа што мислат дека доењето дете на неговата возраст е одвратно и вознемирувачко”.
https://www.instagram.com/p/BmUI6cxjdfY/
И покрај негативните коментари таа постира слики како ги дои своите деца со цел за „нормализирање на доењето” и не сака да престане се додека нејзините синови не се подготвени.
https://www.instagram.com/p/BgwuVxYj1zX/?utm_source=ig_embed
„Доењето е многу посебно за мене, создаде неразделна врска што можам да ја споделам со моите деца”, рече таа.
“Ханс е со аутизам и доењето е нешто што го смирува најмногу. Тој се чувствува безбедно”.
„Ништо друго не може подобро да го смири дод доењето”.
https://www.instagram.com/p/Bh1x932Djm4/?utm_source=ig_embed
„Тоа е највообичаена работа во светот, треба да биде нормална, дури и да славиме”.
„Не е лесно, всушност е многу тешко, исцрпувачки и може да биде болно, но целата жртва е целосно вредна”.
„Ги охрабрувам сите мајки кои го прават истото , уживајте во секој момент од доењето на вашето дете”.
https://www.instagram.com/p/Bpm2ufbBM64/?utm_source=ig_embed