Непосредно пред смртта Дона Арес отворено кажа: „Ракот го добив од оваа намирница“. Истата ја консумираме сите (видео)

Познатата пејачка со години се бореше со тешката болест, но на крај ја изгуби битката

Босанската пејачка Дона Арес пред да очине со години се бореше со тешката болест, и сметаше дека една намирница што ја користиме сите допринела за да се разболи од канцер. Таа кога гостуваше во една телевизиска емисија имаше јасен одговор за нејзиниот рак на белите дробови.

ADVERTISEMENT

Знам дека ќе ме нападнат сите, но мислам дека мене лично ме отру млекото, изјави непосредно пред смртта пејачката.

 

„Други беше она млеко то го пиевме кога бевме мали, како деца, друго е ова сега. Откако престанав да го пијам ми беше многу подобро, но тоа веќе беше доцна. Многу лоши работи веќе се насобраа“, вели искрено Дона.

Рак на белите дробови (симптоми и причини)

Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна тежина и недостиг на воздух. Ракот на белите дробови може да се види на градна радиографија и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува со биопсија.Таа вообичаено се извршува преку бронхоскопија или преку биопсија водена од компјутеризирана томографија. Лекувањето и прогнозата зависат од хистолошкиот вид на рак, стадиумот (степен на ширење) и општата состојба на пациентот. Во вообичаените форми на лекување се вклучени хируршка операција, хемотерапија и радиотерапија. Крупноклеточниот карцином понекогаш се лекува со операција, додека ситноклеточниот обично подобро реагира на хемотерапија и радиотерапија.

Преживувањето зависи од стадиумот, општото здравје и други фактори. Општо, во Соединетите Американски Држави, 15% од луѓето со белодробен рак преживуваат пет години по дијагнозата. Ширум светот, белодробниот рак е најчестата причина за канцер-асоцирана смртност меѓу мажите и жените и е одговорна за 1,38 милиони смртни случаи годишно од 2008 година

Што се однесува до тоа што предизвикува да се појави оваа опасна болест, според докторите ракот само во мал процент е резултат на генетските фактори, а многу повеќе на начинот и стилот на живеење, односно на нашето однесување и влијанието на средината. Конкретно за рак на белите дробови најголем причинител е пушењето. Ризикот можат да го зголемат и некои други фактори – изложеност на чад од цигари, односно пасивно пушење, изложеност во животна или работна средина во која е присутен радон, азбест или силикати кои ги има во рудниците, потоа загаденоста на воздухот што е многу чест случај во Македонија, како и професионалната изложеност на некои хемиски соединенија

 

Статистиката е поразителна!

На важноста за превенција предупредуваат и поразителните бројки. Канцерогените заболувања се втората причина за смртност во нашата држава, веднаш по болестите на циркулаторниот систем. Околу 20 проценти од вкупно умрените всушност умреле од некој рак и оваа бројка според последните истражувања во Македонија постојано расте.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

.

Facebook Comments
(Visited 8.912 times, 1 visits today)