Неодоливо есенско издание на нашата позната водителка – преубав асиметричен фустан и капут кој ќе ги воодушеви жените
Познатата водителка Јелена Спенџарска секогаш знае да избере облека што и стои фантастично.
Нејзините комбинации во кои носи долги фустани кои и стојат беспрекорно, со високи прорези, атрактивни детали и провокативни деколтеа никогаш не ги минуваат границите на добриот вкус, а во едно такво издание се прошета и деновиве и ги воодушеви сите.
Таа на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во црн, асиметричен фустан кој ги стави нејзините убави нозе во преден план, а целото издание го заокружи со преубав црвен капут и шик црни високи потпетици кои дефинитивно би сакале да ги имаме во плакарите.
Една од причините што Јелена секогаш изгледа толку добро е и тоа што внимава на линијата, бидејќи во спротивно секој вишок и најмала несовршеност би се познавале во не така едноставните модели што ги носи.
Тоа можевме да го забележиме и во текот на летото, кога Јелена исто така не воодушевуваше си нејзиниот стил.
Костимите за капење што таа ги носеше ги следат трендовите, а како таа изгледаше во нив погледнете во продолжение.