Нема срам од работа: Еве што работел Зоки Фаци пред да стане голема ѕвезда
Познатиот македонски водител откри што работел пред да стане популарен.
Зоки уште еднаш покажа дека нема срам од чесна работа.
Зоран Василевски или во јавноста познат како Зоки Фаци во моментов е еден од најпопуларните македонски водители.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Иако завршил ветеринарен факултет, животот сепак го однел во друга професија.
Уште многу млад заплива во водителските води и веќе успешно плови повеќе од 2 децении.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Отсекогаш важел за водител без влакна на јазикот кој успева да дознае сѐ за приватниот живот на познатите личности кај нас.
Еден е од ретките јавни личности кои отворено и искрено зборуваат за својот приватен живот и битките кои ги водат.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Активен е и на социјалните мрежи, каде секојдневно споделува фотографии и видеа.
Иако извесен период направи пауза од малите екрани, Зоки се врати на голема врата.
Во моментов е дел од еден од најуспешните поткасти во земјава, поткастот на Лазаров.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Тој на Инстаграм сподели видео на кое мие чаши во едно скопско кафуле и за своите следбеници откри дека пред да стане познат, работел како шанкер и бил доста успешен и во таа професија.
„Јас ја почнав мојата кариера на 17 години, миев чаши, бев шанкер по кафичите скопски и дискотеките.
Знам да правам кафе, фантастично мијам чаши, а сега сум срцка голема ѕвездетина“.