Нема некој што не го знае Жаре Бербер, но малкумина знаат дека е оженет со вистинска убавица – ова е жената што му го украде срцето!
Тој е синоним кога станува збор за одлична забава.
Освен што е одличен пејач, водител и најпознатиот бербер во Македонија, тој е и извонреден шоумен.
Едно време го имаше насекаде, но во извесно време како да исчезна.
Скопјани го познаваат како градскиот бербер, кој потекнува од скромно семејство.
Жарко Богатинов или во јавноста познат како Жаре Бербер веќе 8 месеци живее во Дојран и како што самиот вели веќе е полу дојранчанец.
Поради пандемијата Ковид 19, вирусот кој не го одмина ни Жаре, повеќе од една година бевме затворени, а музичарите и угостителите беа без работа.
Сега откако ситуацијата спласнува, некако се се враќа во нормала, па и пејачите почнаа со настапи.
Жаре, кој е задолжен за најдобрите забави во клубовите се врати на својата работа, во која е извонреден.
„Ме радува што дојде момент кога луѓето повторно можат да живеат нормално. Луѓето повторно живеат. Луѓето сакаат да се забавуваат кај нас. Бевме притиснати, затворени, не би сакал да се повтори тоа, но ако има потреба секогаш ќе бидам на страната на здравјето, на сигурноста на луѓето“, кажа Жаре во естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Кризата ги погоди и музичарите, кои почнаа да се жалат поради малкуте пари кои сега ги добиваат од сопствениците на локалите, но Жаре е еден од ретките естрадни уметници кој воопшто не сака да зборува за финансии.
„Тоа се миновни работи, глупо е за време на пандемија ние да збориме дали е помалку или повеќе пари. Најбитно од се е луѓето да ги служи здравје да бидеме вдедри, насмеани, расположени и да уживаме во животот. Тоа е најбитно“, кажа пејачот.
Природата на неговата работа значи дека постојано е опкружен со убави девојки, флерт, но и непријатни ситуации. На неговите настапи мал милион пати има и пијани гости, кои знаат да направат инциденти.
„Професијата музичар е многу деликатна работа. Од страна гледано изгледа дека е многу лесно. Дека само ќе дојдеш, ќе отпееш и ќе си одиш. Оваа работа е пропратена со икс глупости кои знаат да му се случат на еден музичар.
Јас не сум тој што може да зборува за додворување на девојки бидејќи не сум во таа приказна. Се случуваат ненормални работи кои се пропратен елемент од ноќниот живот, луѓето во секој момент имаат фикс идеја“, кажа Жaре.
Иако постојано е во друштво на прекрасни жени, само една го има освоено неговото срце. Долги години во среќен брак Жаре е со неговата сопруга Даниела Богатинова.
Неретко на социјалните мрежи знае да сподели фотографии заедно со неа, а и да ѝ посвети и емотивни пораки.
Мора да се признае дека Даниел изгледа неверојатно.
Понекогаш присуствува и на неговите настапи, но пејачот вели дека тоа е се поретко.
„Далеку било сопругата да ме следи секаде. Ме следи тогаш кога може, кога сака, кога има потреба. Мислам дека нејзе ѝ е малку здосадено од мене, така што мислам дека се помлаку ме следи. Меѓутоа во дадени ситуации е тука покрај мене. човекот кој се грижи за мене, за моето здравје, тоа е взаемно, мислам дека е мотивот под број 1 кој ме држи во живот и кој ме тера да функционирам нормално. Се следиме паралално двајцата“, заклучи Жаре.