Нема некој што не го виде фустанот што го носеше ќерката на КОВАЧЕВСКИ во Ватикан, но и ова НЕ помина незабележано!
Безвременскиот црн фустан секогаш изгледа елегантно, отмено и класично, па многу познати дами најчесто го избираат за свечени пригоди и концерти.
И додека едни го критикуваат премерот Ковачевски што со ќерка му Тамара беше во посета на Ватикан, други се воодушевени од нејзиниот изглед.
Таа на приемот кај папата Франциск носеше црн фустан со потписот на една од нашите најпознати дизајнерки, Тања Кокев, кој како да беше направен специјално за неа, иако во прашање креација од најновата колекција.
Но она што малкумина го забележаа е дека и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска исто така блескаше на приемот.
Таа за време на посетата на Рим и Ватикан се прошета во три различни црни изданија и во секое од нив изгледаше магично.
На приемот кај папата Франциск носеше црн фустан исто така до македонски дизајнер. Имено, таа за оваа пригода носеше елегантна креација од кашмир од Папаз, збогатена со рачно извезена памучна тантела.
Таа целото издание го заокружи со елегантни црни високи потпетици и преубава огрлица со бисери од Филеви, а на главата носеше вел од свилен жоржет.
Покрај ова издание, таа покажа уште две други прекрасни црни изданија со кои никого не остави рамнодушен.
Како што можевме да видиме од фотографиите, министерката најпрво носеше елегантен и долг црн фустан со интересни детали на јаката и ракавите.
Имено, фустанот беше зачинет со бели детали кои создаваа визуелен впечаток како да носи кошула под него, а министерката Бисера целото издание и овој пат го зачини со елегантни високи потпетици.
Инаку Бисера често можеме да ја видиме во црни монохроматски изданија за кои мораме да признаеме дека и стојат одлично.
Таа знае и како да си поигра со нив, што можеме да го видиме и од следново издание на кои носе бели старки.
Во продолжение погледнете уште неколку „all-black“ изданија на Бисера, но и неколку парчиња од најпознатите светски дизајнери за кои нашите модни уредници се инспирираа од стилот на министерката.
Црниот фустан секогаш изгледа елегантно и класично, па многу дами најчесто ги избираат за свечени пригоди и концерти.
Секогаш претставува сигурен моден избор, па ги прегледавме и најпознатите модни блогови во потрага по интересни решенија. Некои од нив погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Наши предлози за вашите плакари:
Saint Laurent
The Attico
Usisi Sister
Versace
cilie Bahnsen
Vivienne Westwood
Khaite
Prada
Petar Petrov
Alexander McQueen
Norma Kamali
Proenza Schouler
Reformation
Bottega Veneta
Racy