Таа секогаш ќе ве пречека со раширени раце, ќе ве нахрани, напие и ќе бидете многу задоволни во нејзино друштво. Секогаш има колачи, домашно вино и разни други специјалитети во нејзината куќа. Мажот роден во овој знак е вистинско добро, обично мирен по природа.
Мажот Бик ја сака атмосферата на домот и ужива максимално во неа. Вистински фамилијарен човек. Тој може да биде и по малку тврдоглав и често е мрзелив, но секогаш материјално го обезбедува своето семејство.
Жените во знакот Бик се родени хедонисти, дегустатори, чувствителни на сите слатки вкусови во животот. Од еден Бик ќе научите најдобро да се опуштите и како да направите секој дел од телото да ужива во благодетите на животот. Поради овие особини, Биковите се најдобрите домаќини од сите хороскопски знаци во зодијакот, бидејќи кој може подобро да ве угости од оној што и самиот ужива во тоа.
Кога се вљубува, го открива широката насмевка која со денови не се симнува од неговото лице. Тој е во состојба долго време да се додворува, додека не ја освои жената што ја сака, а кога ќе ја освои, тој е уште посреќен затоа што живее само за љубов. Тој точно знае што сака и што го прави среќен.
Исто така, тој се вљубува и преку стомакот, бидејќи храната е неговата најголема љубов. Лојален, посветен, чесен и многу љубоморен. Бикот може да биде и многу толерантен и бавен, но ако се налути … ќе се сеќавате на тој вулкан! Обично се убави, ведри, со црна коса, очи и тен, секогаш со убави големи заби и широка насмевка.
Тие често имаат проблем со тежината, што не е изненадувачки за вакви гурмани. Жената во овој знак е секогаш женствена, секогаш со занесни облини. Дури и кога е слаба, има тело како песочен часовник. Најубавите жени во светот се раѓаат во овој знак, бидејќи енергијата на Бик во женска форма е вистинска женска енергија. Таа не кокетира, туку освојува. Нема човек на планетата кој може да и одолее на нејзиниот шарм.