Сопругата на Клуни повторно ги остави сите без здив
Амал и Џорџ Клуни се почесто го минуваат времето во својата резиденција на езерото Комо во Италија. Тие овие денови уживаат во деловно-приватните вечери со пријателите, а една вечер Амал се појави во издание со кое повторно никого не остави рамнодушен.
Во прашање е смарагдно зелен фустан, со средна должина кој совршено го нагласи телото на убавата адвокатка.
Предниот дел е нагласен со копчиња и впечатливо деколте, додека во задниот дел слоевите даваат волумен.
Во прашање е уникат произведен во 1959 година, а Амал го носеше со златни високи потпетици и златни обетки. Нејзините очи беа нагласени со црна сенка, а усните со впечатлив црвен кармин, додека нејзиниот сопруг и овој пат беше облечен во класичен сив костум и бела кошула.