Нема да ја препознаете на овие фотографии Бојана Скендеровска – сега е потполно друга жена
Без корекции и филтери
Македонската пејачка Бојана Скендеровски некогаш Атанасовска уште од многу млада ја започна својата музичка кариера.
Публиката ја запозна преку учеството на музичкиот натпревар „Плеј потрага по ѕвезди“.
ФОТО: Инстаграм / Бојана Скендеровски
Кон крајот на 90-те уживаше голема популарност, а нејзините песни „Око мое“, „Во дилема“, „Немам одбрана“ беа на врвот на топ-листите во земјава.
Еден период Бојана ја стави на пауза својата музичка кариера.
ФОТО: Инстаграм / Бојана Скендеровски
Таа првично се посвети на семејството, а потоа се врати на малите екрани како водителка.
Нејзината емисија беше доста успешна и кај неа гостуваа најголемите македонски и балкански ѕвезди.
Заедно со сопругот имаат приватен бизнис.
Плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Искра и синот Ѓорѓи.
На огромна радост на публиката Бојана одлучи повторно музички да се активира и на сцената се врати со нови песни.
Публиката одлично ги прифати и пејачката работи со полна пареа.
Кога ќе видите нејзини стари фотографии ќе забележите дека Бојана има направено мали корекции на лицето, но бојата на косата и понатаму е црна, иако извесно време беше и русокоса.
Погледнете како изгледаше на почетокот на кариерата.
И тогаш и сега, Бојана плени со својата убавина: