Нема да ги препознаете – погледнете како изгледале НАЈПОЗНАТИТЕ МАКЕДОНСКИ ѕвезди на почетокот од својата кариера
Неверојатни трансформации од нашата естрада – гарантираме дека овие фотографии ќе ве остават без зборови.
Никој не е отпорен на времето, па така ни нашите познати ѕвезди и естрадни уметници.
Ви ги претставуваме најневеројатните трансформации на најпознатите македонски, но и балкански ѕвезди.
Најверојатно припадниците на помладата генерација и не памтат како повеќето од овие личности изгледале пред 20 па и повеќе години.
Некои од нив денес изгледаат многу поразлично, а не се ретки и оние за кои годините се само бројка.
Лила Филиповска
Па, така на пример за Лила Филиповска можеме слободно да кажеме дека е како виното, колку е постара, толку е и подобра.
Таа неодамна го прослави својот 46-роденден, но на нејзините фотографии изгледа подобро од кога било досега.
Еве како таа изгледаше на почетокот од својата кариера.
Таа отсекогаш го негувала својот изглед и знаела како да го привлече вниманието на посилниот пол.
Еве што изјави самата во една пригода:
„Тијана, тоа е мојот начин на живот. Јас и ко работев како медицинска сестра, на почетокот кога завршив средно школо, додека студирав, пред да почнам да работам на телевизија, работев како медицинска сестра. Можете да ги прашате тогашните колеги и колешки, кои што работеа со мене, ме викаа сестрата, кога немаше да им текне на моето име, кога бев нова – ’сестрата со карминот’. Затоа што јас при секое влегување во сестринската соба си го поправав карминот “, изјави Лила во емисијата.
Сузана Спасовска
Интересна трансформација можеме да забележиме и кај нашата фолк-пејачка Сузана Спасовска.
Таа важи за една од нашите најпознати фолк пејачки. Во деведесеттите години на минатиот век сите зборуваа за нејзината ексцентричност во облекувањето, а во тек на кариерата многу често ги менуваше и фризурите. И не ретко промените одеа од една во друга крајност.
Од црвена коса каква денес носи Зорица Брунцлик, до буквално избричена глава уште во 1994 година.
Таа носеше и перики и „надградби“ за коса, а како што самата ќе истакне во едно нејзино интервју, истите ги купувала за време на своите настапи низ светот.
Еве неколку нејзини стари фотографии …
Калиопи
Калиопи Букле важи за една од напите најпознати пејачки. Таа по својот настап на Евросонг 2012 стана позната и во целиот свет, па денес има свои фан клубови во Бразил, Русија, Англија. Во 1985 година Калиопи заедно с својот тогашен сопруг го основаат бендот што ќе го носи нејзиното име. Бендот ќе се распадне кога парот Грил, односно Калиопи и Ромео ќе заминат за Швајцарија, а пејачката во 1996 година се враќа и ја продолжува својата соло кариера.
Благица Павловска
Таа е позната по своите бројни хитови во народната музика и како една од најдобрите фолк пејачки во Македонија. Иако не е толку присутна на медиумската сцена како на почетокот од својата музичка кариера, каде и да се појави и ден-денес привлекува внимание, а одвреме-навреме знае да објави и по некоја фотографија на социјалните мрежи која секогаш ќе собере голем број лајкови и коментари.
Таа наскоро ќе напони 62 години, а од фотографиите на Фејсбук можеме да видиме како таа за време на нејзината повеќедецениска кариера го менувала својот имиџ. Сепак денес многу мал број од нејзините фанови се сеќаваат како Благица изгледала на почетокот од својата кариера.
Елена Велевска
И фолк пејачката Елена Велевска се има поприлично променето од почетокот на нејзината кариера. Како таа изгледала некогаш, а како изгледа сега, може да погледнете од следниве неколку фотографии.
Ирена Спасовска и Адријана Алачки
Оние од постарата генерација сигурно се сеќаваат дека Ирена Спасовска и Адријана Алачки во 80-тите и 90-тите настапуваа заедно, а со нив беше и сопругот на Адријана, Горан Алачки, чие презиме пејачката се уште го носи.
Погледнете како изгледале и останатите наши ѕвезди на почетокот на кариерата, но и неколку познати балкански естрадни уметници.
Еве и неколку неверојатни трансформации на ѕвездите од соседството…
Шабан Шаулиќ