Погледнете колку се менувал изгледот на Цеца
Цеца ја освои музичката сцена со својата убавина и неспорен талент со кој стекна голем број фанови. Од девојченце од мала средина таа се претвори во најголем фолк дива во регионот. Кариерата ја започна многу млада, а нејзиниот изглед се менуваше со текот на годините.
Светлана Цеца Ражнатовиќ на почетокот од својата кариера изгледаше многу поразлично. За разлика од сега, кога најчесто ја гледаме во елегантни и женствени модни изданија, во младоста „фураше“ многу поразличен имиџ.
Познатата фолкерка на Инстаграм објави фотографија која е постара од триесет години, а на која пејачката има црна кратка коса и е облечена како „трбушна“ танчерка.
Инаку, ова не е прв пат Цеца да објави стара фотографија на својот профил на социјалните мрежи.
Таа и пред неколку месеци на својот Инстаграм објави фотографија од 1991 година на која носи розов фустан и со која покажа дека и во 90-тите ја следеше модата како и денес.
Тогаш во тренд беа силни бои, впечатлив накит, а пејачката често носеше и залижана коса врзана во коњско опавче.
Цеца својата кариера ја започна многу млада, кога имала само 15 години со хитовите „Цветак зановетак“ и „Ципелице“.
На почетокот имала кратка фризура, но веќе во филмот „Нечиста крв“ каде ќе ја глуми Коштана таа е со долга коса.
Откако ќе се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан се менува и нејзиниот стил. Најпрво ќе ја скрати косата, а понекогаш носеше и црвена перика.