Цеца повторно во центарот на вниманието
Вчера започна снимањето на новата сезона од популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“, па пред студиото беа бројни новинарски екипи.
Тие ги пречекаа членовите на жирито, а најмногу внимание и овој пат привлече познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Таа од глава до пети беше облечена во црвено, а покрај впечатливиот фустан многу дами забележаа уште еден детаљ на неа.
Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Имено, познато е дека Цеца обожава чанти од скапи брендови, па така и овој пат се прошета со црвен модел од еден од најпознатите светски брендови за кој фолкерката издвоила вистинско богатство.
Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Во прашање е чанта која чини неверојатни 7000 долари, а како Цеца ја носеше погледнете во продолжение…
Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Цеца пред само неколку дена имаше настап на една приватна забава на која се собра балканскиот џет-сет.
Настанот беше организиран на Белиот дворец и на истиот присуствуваа бројни познати лица, а Цеца на својот концерт го покани и велешанецот Мики Секуловски кој мината година беше во нејзиниот тим.
Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Во нејзиниот тим во „Ѕвездите на Гранд“ минатата година беше и победничката Шејла, а Мики го освои високото второ место.
Повеќе за овој нивен заеднички настап прочитајте тука…