Нема да ви се верува колку чини само овој детаљ на Цеца Ражнатовиќ – еве и кој е мажот што и прави друштво
Познатата пејачка со приватен авион пристигна во Бугарија
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ покажа како изгледа додека патува со приватен авион, а вниманието го украде еден детаљ.
Во прашање е голема бела чанта од познат француски бренд за која балканската фолк дива искеширала повеќе од 7000 евра.
Цеца продолжува со својата летна турнеја, а фотографиите што ги објави од патувањето ги воодушевија сите.
Фото: Инстаграм
Таа лета со приватен авион, а за оваа пригода избра зелен комбинезон со дезен кој го носеше со папучи и очила за сонце во бела боја.
Фото: Инстаграм
Пејачката во ова издание ги воодушеви сите, а со неа беше и нејзиниот пријател и фризер, Стеван Радивојевиќ.
Фото: Инстаграм
Таа со приватниот авион најпрво леташе во Бугарија, каде одржа концерт во Бургас, а потоа се упати и во Црна Гора.
Фото: Инстаграм
Фотографиите од приватниот авион веднаш предизвикаа бура од реакции, а пејачката цело време беше насмеана и видно расположена.
Како Цеца изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Инаку, пејачката пред само неколку дена имаше спектакуларен концерт во Ниш каде настапи пред 15.000 луѓе.
Фото: Инстаграм
Таа на овој концерт се појави во ептен кусо фустанче, а во еден момент ги соблече и сребрените чизми и боса го продолжи концертот.