Северина на својот последен настап воодушеви со своето модно издание на кое внимаваше до последен детаљ.

Во жешки шорцеви под кои носеше бициклистички во розова боја и во горниот дел маичка во истста нијанса, Севе направи пеколна атмосфера во клубот во кој настапуваше. Таа пред своите обожаватели ги запеа своите најголеми хитови, а покрај оние што беа воодушевени од ова необично, но мошне провокативно издание на симпатичната пејачка, имаше и такви кои ја критикуваа бидејќи на овој начин само сакала да го прикрие својата преслаба линија.

Сепак, она што можеби најмногу привлече внимание во ова нејзино издание беа нејзините необични чизми. Во прашање е модел од престижниот бренд „Balmain“ за кој пејачката издвоила преку илјада евра.

По некое време Северина облече фустан со должина над колена и чизмите ги замени со сандали со високи потпетици.

Пејачката неодамна се врати од одмор во Турција, каде беше заедно со синот и сопругот, а од каде објави фотографија на која позираше во костим за капење. Но тогаш за разлика последниот настап кога на некои им изгледаше преслабо, доби бројни комплименти од фановите.