Нема да ви се верува колку чинат сандалите на Боки 13

Поради неговата гардероба дефинитивно би можеле да му завидуваат и многу познати светски ѕвезди …

Бојан Јовановски попознат како Боки 13 е познат и по тоа што ги следи светските модни трендови. Неговата раскошна колекција се состои од модели и модни додатоци од најпознатите светски модни брендови за кои треба да издвоите и по неколку илјади евра.

ADVERTISEMENT

Вкупната вредност на неговите комбинации понекогаш може да надмине и преку 10.000 евра, па така тој многу пати изгледаше екстравагантно, а јавноста се чудеше од каде му се парите за да се расфрла така. Но откако деновиве беше уапсен на граничниот премин Богородица, а потоа спроведен и во Шутка, работите стануваат малку појасни…

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Па така тој неодамна на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм се пофали со сандали од Версаче кое верувале или не чинат преку илјада евра.

Versace $1,595.00

Во прашање е црн машки модел „Icon Sandals“ (има и бела варијанта) со препознатливото лого на славната модна куќа, а кои во продавниците изнесуваат 1595 долари.

Versace $1,595.00

Но секако дека не се само овие сандали со шокантна цена за нас „обичните смртници“. Такви се и речиси сите останати модели со потписот на реномираните брендови како што се Версаче, Долче и Габана, Гучи, а некои дури и од последните колекции. Па така и неговите златни чизми до глужд од кои не се двоеше во последно време чинат околу 1000 долари.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Поточно – 945 долари…

Saint Laurent, West Metallic Zip Booties $945.00

Погледнете ги и останатите негови модни изданија составени од парчиња со цени од кои боли глава.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

 

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Facebook Comments
(Visited 14.309 times, 1 visits today)