Нема да ви се верува колку потроши снаата на Брена за своето „автомобилче“ – можете да купите три стана со овие пари
Очигледно не штеди пари
Познатата пејачк Александра Пријовиќ наводно исплатила 160.000 евра пред еден месец за нејзиниот најнов автомобил БМВ Х6, кој е од 2020 година. Во прашање е најдобриот пакет, кој поседува и детска заштита за врата.
На пејачката отсекогаш и било важно автомобилот што го вози да биде сигурен и брз, а бидејќи планира да се вози и со синот Александра, на прво место секако и е безбедноста. Таа бараше модел во кој ќе се чувствува безбедно секој пат кога ќе тргне некаде на пат, а како што вели извор, а пренесуваат српските медиуми, таа решила тоа да биде БМВ.
Наводно Пријовиќ воопшто не се кае за парите што ги потрошила за автомобилот, пишува српскиот таблоид „Ало“. Имено, БМВ Х6 чини 160.000 евра, а пејачката со него и својот наследник отишла на посета во село кај своите баба и дедо, па ја покажа и преубавата природа.
Потоа Александра објави и фотографија од синот, па многумина беа пријатно изненадени затоа што ретко објавува фотографии со него.